Следи нѐ
To Top

АНКЕТА: Речиси 41 отсто од граѓаните на референдумот ќе гласаат „за“

На претстојниот референдум 40,9 отсто од граѓаните ќе гласаат „за“, „против“ се 8,6 отсто, неопределени 6,3 отсто, додека два проценти од анкетираните одбиле да одговорат. Без одговор биле 42,2 отсто од испитаниците.

Ова го покажала најновата анкета што за телевизија Телма ја изработиле Инситутот за демократија-Социетас цивилис и Македонскиот центар за меѓународна соработка-МЦМС, а ја спроведе компанијата М-проспект.

реклама

На првото прашањето во анкетата-дали ќе излезат или нема да излезат на гласање, мнозинството или 57,8 отсто се изјасниле дека ќе излезат на гласање, речиси една третина или 28,8 отсто нема да излезат на референдум, 11,2 отсто не знаат и 2,2 отсто одбиле да одговорат.

Анкетата е теренска и е правена лице в лице од 7 до 25 август годинава на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници. Анкетата го проектира и цензусот на референдумот, а вкрстува и податоци за етничката припадност на анкетираните. Анкетата е спроведена на македонски и албански јазик. 

Целосната анкета и анализа на податоците беше објавена вечерва во „Топ Тема на Ваша страна“ на Телма.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.