//
Следи нѐ
To Top

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Сончево и топло, попладне дожд и грмежи

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Од претпладне, особено на запад, ќе има зголемена облачност со повремен дожд и ретки грмежи. Попладне повремен дожд ќе има и понекаде на северот и североистокот, а до крајот на денот врнежите ќе престанат.

Ќе дува умерен северен ветер, особено долж Повардарието. Утринските температури ќе се движат од 9 до 19 степени, а максималните од 26 до 33 степени.

реклама

Во Скопје слично време со услови за повремен дожд претпладне. Попладне краткотрајно ќе има поинтензивен ветер, а облачноста до крајот на денот ќе се намалува. Температурата ќе се движи од 14 до 28 степени.

Од недела следува период на претежно суво време со засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Температурата ќе биде малку пониска во однос на денес, но ќе се задржи релативно топло со посвежи утра.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: