Следи нѐ
To Top

Како да ги подобриме постигнувањата на децата во училиште?

Омега-3 и омега-6 масните киселини од риба влијаат позитивтно на способноста на децата да читаат и да се концентрираат, пишува „Дејли меил”.

Диетологот д-р Ема Дербишаер и нејзиниот научен тим од Универзитетот во Јужен Велс анализирале 29 истражувања спроведени последниве пет години, на податоци за внос на различни количества масни киселини. На примерок од 3.000 деца, сознанијата посочуваат забележителна корист за учењето, концентрацијата и поведението.

реклама

– Имајќи предвид дека околу 60 отсто од човековиот мозок е составен од масти, има логика тоа дека нивото и видот на масти во нашето тело ќе влијаат и на функциите на мозокот… Истражувањето јасно покажа дека поголемо внесување на омега-3 и омега-6 масни киселини кај децата има позитивен ефект врз способностите за читање, правопис, да се однесуваат примерно и да внимаваат. А, тие хранливи додатоци помагаат и при намалување на хиперактивноста и агресијата, смета д-р Дербишаер.

Според научниците, омега-3 и омега-6 се поволни за оние деца кои имаат проблеми на училиште, најмногу со вниманието.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.