//
Следи нѐ
To Top

Коалите за три децении може да исчезнат од делови на Австралија

Поради уништувањето на шумите за добивање на земјоделско земјиште до 2050 година може во целост да исчезнат коалите во сојузната австралиска држава Нов Јужен Велс.

Според извештајот на Светскиот фонд за заштита на природата (WWF) научниците употребиле сателитски снимки за мерење на зголеменото сечење на шумите за да го измерат влијанието врз ранливите и загрозени видови.

реклама

– Се проценува дека во Нов Јужен Велс има помалку од 20.000 коали и дека со ова темпо на сечење ќе исчезнат до 2050 година. Мораме да го спречиме уништувањето на шумите, ако сакаме коалите да опстанат во дивината, истакна екологистот Стјуард Бланч.

Но властите на Нов Јужен Велс негираат дека сечењето на шумите го загрозува опстанокот на коалите и дека нивната бројка во дивината е многу поголема отколку што се претпоставувало.

Според австралискиот Фонд за заштита на коалите на целата територија на Австралија нивната бројка е под 100 илјади, а и тие се под постојана закана бидејќи се загрозени од губење на природните живеалишта, нападите од кучиња, пожарите и сообраќајните несреќи.

Во моментов коалите се класифицирани како „ранливи“, но екологистите бараат да се зголеми нивниот степен на заштита во „критично загрозени“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијасептември 9, 2018
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијасептември 9, 2018
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијасептември 9, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: