Поврзи се со нас

Популарно.мк

Атмосферата на Венера е пострашна отколку што човекот претпоставува

Sci-fi

Атмосферата на Венера е пострашна отколку што човекот претпоставува

Површината на Венера е толку жешка, што може да стопи олово за неколку секунди, а киселинските дождови веднаш може да пробијат еден космонаутски скафандер, па и вселенскиот брод. Сега астрономите откриле уште една причина зошто човекот уште долго нема да биде во можност ниту да се приближи до оваа наша соседна планета: електричните бури.

– Електричното поле на Венера е како небесно чудовиште, вели Глин Колинсон од Европската вселенска агенција. – Тоа поле е барем петпати поголемо од она на Земјата, Марс или пак на сатурновиот сателит Титан. Тоа е толку силно, што произведува „ветер”, што повеќе наликува на сончевите површински струења, отколку на обичниот развиорен воздух на Земјата, додава професорот.

Ова откритие можеби објаснува зошто Венера содржи многу помалку вода во споредба со Земјата, и покрај тоа што и двете планети ги содржат истите основни елементи. Кога сончевата светлина удира во молекулите на водната пареа во атмосферата, тие се распаѓаат на јони на водород и кислород. На Венера, електричното струење е доволно силно за да ги разнесе кислородните јони.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Sci-fi

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.