Следи нѐ
To Top

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и ФИНКИ потпишаа меморандум за соработка

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, потпишаа меморандум за соработка, со цел заеднички да придонесат кон развојот на е-трговијата и развивањето на способностите, дигиталната писменост и градењето на капацитети во секторот за е-трговија во Република Македонија.

Меморандумот за соработка, што воедно претставува и пристапување на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство во почесно членство во Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, го потпишаа претседателот на АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска и деканот на ФИНКИ, проф. Д-р Иван Чорбев.

реклама

Потписниците на Меморандумот, соработката ќе ја остваруваат преку споделување на релевантни информации од областа на е-трговијата, заеднички ќе придонесуваат за развојот на соодветни програми од областа на е-трговијата за потребите на корисниците на услугите, како и преку споделување на тековни и нови искуства, релевантни за областа на дејствување и соодветната целна група.

Воедно, како што информираат од Асоцијацијата, ФИНКИ е и дел од партнерите на првата конференција за е-трговија под наслов “eCommerce: The eFuture for eMacedonia!”, која има за цел да придонесе кон поголеми знаења поврзани со е-трговијата вклучувајќи ги и поврзаните услуги и технологии и да придонесе кон намалување на препреките кои го ограничуваат развојот на оваа дејност.

Со ова, и двете страни укажуваат на меѓусебна соработка со која ќе придонесат кон подобрување на е-трговија, каде што како еден од проблемите за развој претставува и едукацијата на крајните корисници и малите и средни претпријатија за инволвирање во е-трговија.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се стреми кон инклузивна е-трговија, а преку потпишување низа меморандуми со засегнатите страни од областа, има за цел да креира иднина за раст на е-трговијата и успех во рамките на Република Македонија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Интернет

  • Мајкрософт го редизајнира Скајп

    Иако Мајкрософт неодамна комплетно го редизајнираше изгледот на Скајп, компанијата планира повторно да го стори истото. Според публикацијата на официјалниот блог...

    Информативна Редакцијасептември 11, 2018
  • Нова опасна игра, Момо се шири на социјалните мрежи

    По „Синиот кит”, опасна игра поради која неколку стотици деца во светот извршија самоубиство, се појави уште една контроверзна онлајн игра...

    Информативна Редакцијасептември 11, 2018
  • „Фејсбук“ подготвува нова алатка за запознавање

    Фејсбук тестира неколку различни алатки за да ја претвори социјалната мрежа во посериозен конкурент за „Тиндер“ и „Меч Груп“. реклама

    Информативна Редакцијасептември 11, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.