Поврзи се со нас

Популарно.мк

„АВАЛОН“ НАЈАВИ НОВО ИМЕ: И Лени Кравиц доаѓа во Скопје!

МК Сцена

„АВАЛОН“ НАЈАВИ НОВО ИМЕ: И Лени Кравиц доаѓа во Скопје!

Лени Кравиц доаѓа во Скопје!

Во рамки на европската турнеја која е по повод излегувањето на новиот албум „Raise Vibration“, LENNY KRAVITZ ќе го посети и Скопје на 3 мај во ВИП Арената.

Од сите земји во регионот, Скопје и Софија се единствените градови каде фановите ќе имаат шанса да го видат неверојатното шоу на Lenny Kravitz во indoor амбиент.

За ексклузивноста на скопското шоу доволно говори и фактот што во оваа турнеја не се опфатени градови како што се Белград, Загреб и Атина.

Целата европска турнеја на Lenny Kravitz, која ќе се одржи во месеците мај и јуни ќе биде објавена денес во 12 часот по централно европско време.

После минатиот албум „Strut“ кој што беше навистина извонреден, никој не очекуваше дека Lenny во толку краток период ќе се појави со уште едно толку квалитетно дело , но сепак “Raise Vibration“ е на ниво на неговите најдобри албуми досега, а последниот радиски хит “Low“ им е веќе добро познат на сите.

Концертите на Lenny Kravitz влегуваат во оние настани што се MUST SEE BEFORE YOU DIE бидејќи претставуваат врв во концертната лајв индустрија.

„American Woman“, „Are You Gonna Go My Way“, „Believe“, „Fly Away“, „Again“, „Let Love Rule“, „Chamber“, се само дел од хитовите кои ќе имаме можност да ги слушнеме во Скопје, во сала со капацитет од 8.000 посетители.

Сите детали околу влезниците за овој концерт ќе бидат објавени во понеделник.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.