//
Следи нѐ
To Top

Пилот заспал сред прекуокеански лет, патниците во шок

Пилот на прекуокеанскиот лет од Њу Џерси до Глазгов заспал во бизнис класата.

Час по полетувањето тој вечерал и ја соблекол униформата и заспал, а тоа предизвикало вознемиреност меѓу присутните патници.

реклама

Пилотот откако отспал час и половина се разбудил и се вратил во кокпитот.

– Не можам да поверувам дека пилот на лет со неколку стотини патници може да си дозволи вакво однесување, истакна еден од патниците, кој го видел пилотот како спие.

По реакциите на патниците случајот доби медиумско внимание и мораше да реагира Федералната управа за авијација на Велика Британија, од каде информираа дека станува збор за нормална појава регулирана со закон.

–   Пилотот е обврзан да се одмори ако летот е подолг од осум часа. Во поголемите авиони има специјално одредено место, додека во помалите се употребува седиште во бизнис класата резервирано само за оваа намена. Во оваа ситуација нема ништо невообичаено и незаконито, истакнаа од Управата.

По реакциите се огласија и од авиокомпанијата, која соопшти дека во посадата на летот имало тројца наместо двајца пилоти и дека не можеле сите во исто време да бидат во кокпитот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијасептември 12, 2018
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијасептември 12, 2018
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијасептември 12, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: