Следи нѐ
To Top

Септември во звуците на „Мала Италија патува 2“ со Павле Камилоски

Новото продолжение на проектот „Мала Италија патува“ ќе се одржи на 19 септември во 20.00 часот во големата сала на Македонска Опера и Балет. На настанот ќе ги слушнеме најубавите песни од италијанската, француската и шпанската музика.

Иницијатор на овој проект е Павле Камилоски, кој го започна патувањето низ најубавите светски балади и успешно го споделува со својата публика, претворајќи го во традицијата за сите љубители на убавата музика.

реклама

Основната идеја на настанот е да ги презентира и поврзе културите преку уметнички и музички ноти за публика која ужива во авангардна и безвременска музика, но пред се публиката има можност да ја доживее и почувствува љубовта и посветеноста на Павле Камилоски кон музиката.

„Музиката отсекогаш тлеела во мене, но очигледно не сум бил свесен за својот потенцијал. По се изгледа во тинејџерските денови сум бил срамежлив да го споделам мојот порој кон неа. Но, нема никогаш да заборавам како по дома ја пеев „O sole Mio“. Животниот пат ме доведе до натпреварот на бродот кај што работев, crew talent show и победата ме охрабри да се посветам на оваа страст и порив. Школувајќи го гласот откривав колку многу можам да дадам преку песната и музиката, затоа оттогаш, до денес работам и инвестирам во усовршување на своите вокални способности, а Мала Италија патува е еден од начините за да им ја пренесам на публиката убавината на медитеранската песна и остварување на сите мои соништа“, вели Павле Камилоски.

Неговото прво појавување се случи во 2015 година во Музејот на град Скопје во октомври, каде што тој успеа да ја освои публиката со својата соло изведба. Во 2016 година, Павле го прави својот прв соло концерт со пијано придружба. Во 2017 година, замина за Париз на доусовршување и до ден денес континуирано вложува во себе и надградба на своите вокални способности кај еминентни професори.

Инспирацијата која ја ужива Павле за создавање на овие патувања за својата публика, секогаш доаѓа од италијанската музика и култура.

Последниот проект е именуван како “Мала Италија” и ја означи љубовта кон медитеранската музика и традицијата за него продолжува.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.