Следи нѐ
To Top

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја посетиле: делови од летала и сонди, камери, ранци, па дури и голф-топче… На Месечината се наоѓа и правта на американскиот научник Јуџин Шумејкер – првиот човек погребан на нашиот природен сателит, пренесува „Блиц“.

Правта на покојниот астрогеолог е поставена во посебна „споменик-капсула“, која во 1998 година со сонда беше лансирана на Месечината. Кратерот каде што паднало леталото е наречен Кратер на Шумејкер. Идејата да почива на Месечината не била негова, туку на негов студент.

реклама

Следуваат уште неколку занимливости за Месечината што можеби не сте ги знаеле…

Таа се оддалечува од нас

Секоја година Месечевата орбита се оддалечува од Земјата за околу четири сантиметри. Тоа значи дека на нашите внуци ќе им изгледа се помала и помала, додека потполно не исчезне.

Полната Месечина не ни дозволува да заспиеме

Истражување на швајцарски научници посочува дека луѓето под полна Месечина не спијат толку длабоко, лачат помалку мелатонин и заспиваат пет минути подоцна од вообичаено. Сомнологот Мари Думон претполага дека тоа се должи на влијанието на зголемувањето на количеството светлина врз нашиот внатрешен часовник.

Сенките на Месечината се потемни отколку на Земјата

Астронаутите што стапнале на Месечината се согласни за тоа. Тоа е затоа што таму ја нема атмосферата што на Земјата, на пример, ја разложува светлината.

Месечината има свое сметање на времето

„Годината“ таму е поделена на 12 дена. Секој „ден” носи име на космонаут што се приземјил таму. Тие „денови” се делат на 30 „циклуси”, а тие, пак, на часови, минути и секунди. „Ерата“ на Месечината започнува кога Нил Армстронг првпат стапнал на нејзината површина: 21 јули 1969 година, во 02:56:15 часот.

Огромни температурни разлики

Иако Месечината е на речиси исто растојание од Сонцето како и нашата планета, таму температурите варираат многу подрастично – од 90  Целзиусови степени до – 240 степени на половите на вселенското тело. Тоа е така зашто на Месечината нема атмосфера.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.