Следи нѐ
To Top

Ким Џонг-ун му подари два тона печурки на својот јужнокорејски колега

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, му подари два тона од ретката печурка „Мацутаке” на претседателот на Јужна Кореја, Мун Џе-ин.

– Додека претседателот Мун и неговата сопруга беа во посета на Северна Кореја, до нас пристигна подарок на Ким Џонг-ун. Два тона печурки пристигнаа утрово во Сеул со авион, јави новинската агенција Јонхап.

реклама

Овие печурки се меѓу најскапите во светот. Според извор од Кабинетот на Мун, претседателот на Јужна Кореја наредил печурките да им се поделат на членови на раздвоените семејства кои не успеале да се сретнат со своите роднини во Северна Кореја на средбата организирана на меѓудржавно ниво минатиот месец.

Мун Џе-ин денеска ја заврши својата тридневна посета на Северна Кореја.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.