Следи нѐ
To Top

Спектакуларно модно шоу на Елена Лука на „Софија фешн вик“

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука направи вистинско модно шоу на Модната недела во Софија, Бугарија!

По повод 10-годишниот јубилеј, Елена Лука вчеравечер ја промовираше својата ексклузивна јубилејна колекција „Х“ во рамките на четвртата вечер на Модната недела, која беше резервирана за презентација на колекциите на странски дизајнери.

реклама

Елена Лука ја заокружи и ѝ даде свој врвен и единствен печат на вечерта, со авангардна колекција која е олицетворение на уникатниот дизајнерски израз препознатлив за брендот, што по сите стандарди е во чекор со светските модни тенденции.

– „Сите заложби на Елена Лука во ова десетгодишно дефинирање на една уникатна мода приказна, се рефлектирани во оваа ексклузивна линија која ги обединува префинетиот дизајн, секогаш авангардната естетика, професионалната изработка и посветеноста на секој детаљ, што во суштина се и препознатлив белег на нашата работа. Морам да потенцирам дека сум горда на тоа како Елена Лука во изминативе години го градеше својот лик, несомнено дека успеавме да постигнеме високи, светски стандарди на секое ниво. Со оваа јубилејна колекција заокружуваме една декада и тоа беше една суштинска, водечка идеја која го дефинираше правецот што го следевме при нејзиното создавање. Силно изразениот индивидуален печат и женствената сензуалност се присутни во секој сегмент на колекцијата „Х“, што укажува на тоа дека секогаш наша неисцрпна инспирација е посебноста на секоја жена“, изјави г-ѓа Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на Елена Лука.

Секоја од креациите во јубилејната колекција „Х“ го има своето уникатно место при раскажувањето на безвременската модна приказна на Елена Лука. Од користењето на префинети, ексклузивни материјали – како свила, кадифе, тантела, срма итн, до кроеви кои ја прегрнуваат женската различност, што ја прават оваа приказна и бренд единствени.

Знакот „Х“ што се проткајува низ колекцијата во различни форми и со кој се потенцира јубилејот, е репрезент на сите заложби за уникатен, бескомпромисен моден дизајн во кој се препознава индивидуализмот како ракопис на уметникот.

Позитивните реакции на присутната публика и големиот интерес на јавноста за учеството на Елена Лука на Модната недела во Софија, се надоврзуваат на перманентниот успешен развој на македонскиот моден бренд кој пред себе отвора ново поглавје со нови предизвици во неговото етаблирање на глобалната модна сцена.

Во продолжение ви пренесуваме дел од изјавата на почитуваниот бугарски новинар, критичар и професор, Љубомир Стојков, кој со нас несебично ги сподели своите импресии од ревијата на Елена Лука.

– „Со голем интерес ја проследив колекцијата на Елена Лука и особено ми оставија впечаток три работи: Свежи креации со пораки – порака за љубов, за забава, а во контекст на тоа и за динамичен начин на живот. Втората работа која многу ми се допадна е смелата комбинација, на силуети, волумен, материјали, односно не се следат едноличните традиции, а се постигнува еден убав ритам – естетски ритам, помеѓу познатото и новото. И третата работа, која можеби и остави најголем впечаток е пораката за самоуверена, атрактивна жена, која има право на сè што ѝ се овозможува, а тоа е да биде сакана, да го работи она што го сака, да биде остварена. Што е основната мисија на жената – да радува, да создава и да биде убава. Колекцијата на брендот Елена Лука, кој што годинава слави 10 години, прикажа еден прекрасен концепт за женственост, за динамичност и со тоа заедно, за едно потсетување дека повеќе не сме ниту во 1998, ниту во 2008, туку во 2018 година и тоа сезона есен/зима.“

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.