Следи нѐ
To Top

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската палата во Лондон под сомнение дека носел пиштол за електрошокови бил всушност холандски турист со приврзок за клучеви. Осомничениот е ослободен од притвор.

Направата со батерии не претставува никаква закана за резиденцијата на британската кралица Елизабета Втора, соопшти лондонската полиција.

реклама

Бакингемската палата секоја десетта недела е отворена за посетители. Кралицата се наоѓала во Шкотска за време на инцидентот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.