Поврзи се со нас

Популарно.мк

До сабота ниски утрински температури и дневни во пораст, в недела дожд

Вести

До сабота ниски утрински температури и дневни во пораст, в недела дожд

До сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, преку денот претежно сончево со пораст на дневните температури, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре ќе продолжи да дува умерен до засилен североисточен ветер. Во Маврово утре УХМР прогнозира најниска утринска температура (нула), до највисоки девет степени во Гвегелија. Дневната, пак, ќе се движи од  18 до 22 степена. Во Скопје температурата утре ќе биде од 3 до 18 степени.

В четврток и в петок најниската утринска ќе се спушти еден степен под нулата, а највисоката дневна ќе биде 24 (четврток) и 26 (петок).

Од недела, информира УХМР, ќе преовладува променливо облачно со повремен локален дожд.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.