Следи нѐ
To Top

Ведро и студено време, со мала до умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, особено во јужните делови каде ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната температура од 19 до 25 степени.

реклама

Во Скопје ќе биде сончево со мала, а попладне со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од еден до 23 степени.

Од сабота следува период на променливо облачно време со услови за локален дожд. Утринските температури поради наоблачувањето ќе се зголемат, додека дневните ќе бидат без поголеми промени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.