Следи нѐ
To Top

МОСТ: Гласањето се одвива без регистрирани проблеми

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со повеќе од 1.500 набљудувачи. На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, распоредени се исто толку набљудувачи, со што се покриени 33% од вкупниот број на гласачки места во Република Македонија.

Набљудувачите на МОСТ се статични, и ќе го следат процесот на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ има и мобилни тимови, составени од по 2 набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и ќе ги повремено ќе ги набљудуваат местата на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи.Дополнително, 80 набљудувачи ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии, а ќе се набљудува и работата на Државната изборна комисија.

реклама

Според информациите од набљудувачите и регионалните координатори, отворени се сите гласачки места на кои МОСТ има распоредено свои набљудувачи и истите немаат проблеми при набљудување на процесот. Отворањето на гласачките места помина без регистрирани проблеми. Гласачкиот материјал е доставен на сите гласачки места, а уредувањето на гласачките места е на начин што ја запазува тајноста на гласањето.

,,Досега, забележано е на влезот во објектот во кој е сместено гласачкото место (ГМ) 0631, с. Прибилци, општина Демир Хисар, има графит со навредлива содржина.

ГМ 1767, с. Рич, општина Струмица, гласањето било прекинато во период од 50 минути затоа што УВ ламбите не функционирале. По интервенција на ОИК гласањето продолжило во 8.30 часот.
Во текот на денот, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со процесот, отворена е бесплатната телефонска линија 080 080 080″, се наведува во соопштението.

Набљудувачката мисија на МОСТ своите наоди ги базира врз воспоставени статистички принципи, како ефикасен метод за систематско набљудување на постапката на гласање, користејќи ја методологијата за паралелно сумирање на гласовите (ПВТ). Оваа методологија овозможува проценка на целиот процес на денот на гласање (отворање на избирачките места, гласање, затворање на избирачките места и броење и сумирање на гласовите) на непристрасен и систематски начин. Системот составен од неколку нивоа на проверка овозможува во јавност да се споделуваат само проверени и потврдени информации од набљудувањето.

,,Потенцираме дека набљудувач на МОСТ е единствено оној граѓанин кој носи жолта маичка на која на предната лева страна стои логото на МОСТ и е испишано “Referendum 2018“, поседува овластување од МОСТ и акредитација од ДИК исклучиво за овој референдум.

Сите потврдени информации од набљудувањето на денот на референдумот МОСТ ќе и ги соопшти на јавноста во уште три наврати, и тоа во 11:15 часот, во 17:15 часот и во 19:15 часот, а дополнително ќе биде објавен терминот на последната конференција на која ќе бидат соопштени резултатите од ПВТ програмата за одѕивот и распределбата на гласовите”, се додава во соопштението.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.