//
Следи нѐ
To Top

Светски новински агенции за референдумот во Македонија

Американската новинска агенција Асошиејтед прес пренесе од Скопје дека во Македонија се одржува пресуден референдум на кој граѓаните одлучуваат дали да одобрат географска одредница за името на државата со што се менува името во „Северна Македонија“ и се прекинува долгогодишниот спор со Грција.

Агенцијата обајви изјава на премиерот на Македонија, Зоран Заев кој од Струмица повика граѓаните да излезат на гласање.

реклама

Договорот од јуни ќе стави крај на спорот од раните 1990-ти, кога Македонија прогласи независност од Југославија.

Грција тврдеше дека употребата на името имплицира територијални амбиции на сопствената покраина со исто име и ги блокира напорите на земјата за влез во НАТО, наведува агенцијата во извештаите од Скопје.

Македонците излегоа на гласање за промена на името на нивната земја во Република Северна Македонија, за да се отвори патот за членство во НАТО и ЕУ, и да се реши деценискиот спор околу името со Грција, наведува во извештај Ројтерс.

Референдумот е една од последните пречки за договорот постигнат меѓу Македонија и Грција во јуни за да се реши спорот што ја спречи Македонија да се приклучи кон големите западни институции откако се отцепи од тогашна Југославија во 1991 година.

Анкетите покажуваат дека големо мнозинство од оние што гласаат најверојатно ќе ја поддржат промената, но постигнувањето на бараниот одѕив може да биде тешко, наведува таа агенција.

Германската новинска агенција ДПА објавува изјава на премиерот Заев и нагласува дека референдумот е клучен чекор да се поништат блокадите на Атина на патот на државата кон членство во НАТО и Европската унија.

Агенцијата пренесува и резултати од анкети во кои се наведува дека мнозинството ќе гласа „за“ и со тоа ќе се обврзе Атина да не го блокира Скопје од членство во НАТО и ЕУ.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: