//
Следи нѐ
To Top

Бројот на милијардери во европските земји

Чешкиот картограф и матеметичар Јакуб Мариан на својата интернет страница објави карта којашто го прикажува бројот на милијардери во секоја европска земја во 2018 година. Мапата е заснована на податоци од „Форбс“.

Така, Германија води со 123 милијардери. Велика Британија има 54, Франција – 40, Италија – 43, Шпанија – 29, а Шведска – 32 милијардери.

реклама

Од словенските земји пак, Русија, очекувано, е некаде на врвот, со вкупно 101 милијардер, во Украина има седум, во Полска и Чешка по шест, и во Словачка еден милијардер. Македонија нема ниеден, а на Балканот, милијардери има само во Грција (четворица), Романија и Унгарија (по еден).

Две од најмалите држави во Европа, Монако и Лихтенштајн имаат барем по еден милијардер, што ги става на врвот на листата. Занимливо е и тоа што Луксембург годинава нема ниеден, иако 2014. таму живееја 17 милијардери со привремен престој, без државјанство.

Авторот напоменува дека мапата го покажува бројот милијардери на 10 милиони жители, но и вкупниот број милијардери. За споредба, САД има 18 милијардери на 10 милиони граѓани, односно 585 милијардери вкупно; Кина има 2,7 лица на 10 милиони, а 373 вкупно.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијаоктомври 3, 2018
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијаоктомври 3, 2018
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијаоктомври 3, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: