Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ДПИ констатирал дека во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ немало намера некој да биде повреден

Вести

ДПИ констатирал дека во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ немало намера некој да биде повреден

Општина Аеродром соопшти дека по вонредниот инспекциски надзор во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“, Државниот просветен инспекторат во својот записник констатирал дека  „учесниците во настанот што се случил во петокот во училиштето во ниту еден момент немале намера некого да повредат“.

На директорот и на стручната служба им било укажано да продолжат со организирање едукативни предавања и работилници за безбедно однесување на учениците. На раководството, исто така, му е укажано да преземе мерки за утврдување работни должности на наставниот кадар во однос на дежурства и активности што се реализираат на одделенски час.

– Веднаш по настанот, од страна на раководството на училиштето се преземени сите мерки и активности за расчистување на случајот, согласно со закон. Понатаму, изречени се педагошки мерки за несоодветно однесување на учениците, одржани се одделенски совет и вондредна родителска средба. Исто така, психологот на училиштето ќе организира советување за учениците и родителите, информира општина Аеродром.

Општината наведува и дека за да се зголеми безбедноста на учениците ќе ја следи реализацијата на сите укажувања на Државниот просветен инспекторат во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.