Следи нѐ
To Top

Се појави видео од Роналдо и девојката која наводно ја силувал, тој ги отфрла обвинувањата

Фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо е официјално обвинет дека во 2009 година во Лас Вегас ја силувал тогаш 25-годишната Катрин Мајорга.

Таа тврди дека молчела девет години, оти наводно се договориле да не говори за тоа во јавност, за што Роналдо и платил 375.000 долари.

реклама

Полицијата повторно го отвори случајот, бидејќи во Невада, случаите на силување не застаруваат.

Кетрин Мајорга тврди дека Португалецот ја нападнал во хотелска соба во САД. Овие наводи прв ги објави германскиот магазин „Шпигел“, но претставници на Роналдо веднаш ги отфрлија како неточни и најавија дека ќе го тужат весникот.

Британски „Сан“ дојде до видео на кое Роналдо во ноќен клуб во Лас Вегас игра со девојката за која весникот тврди дека е Мајорга, флертуваат и се прегрнуваат.

Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо ги отфрли обвинувањата за силување, што против него ги изнесе Американката, Кетрин Мајорга.

– Ги отфрлам обвинувањата кои се поднесени против мене. Силувањето е одвратно злосторство, што се коси со се во што верувам. Сакам да ја тргнам лагата од моето име, но воедно одбивам да ги хранам медиумите со спектаклот што го создаваат луѓе кои сакаат да се промовираат на моја сметка. Мојата совест е чиста и затоа во мир ги чекам резултатите од истрагата, објави Роналдо на социјалните мрежи.

Мајорга го обвини фудбалерот дека во 2009 година ја нападнал и силувал во хотелска соба во Лас Вегас.

Нејзините обвинувања прв ги објави германски „Шпигел“, а наводно Мајорга поднела пријава, но ја повлекла откако добила 375.000 долари и се согласила никогаш да не проговори за тоа што се случило.

Роналдо најави дека ќе поднесе тужба против „Шпигел“ за изнесените обвинувања.

Во меѓувреме полицијата отвори истрага за овој случај.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.