//
Следи нѐ
To Top

Апелација ја потврди затворската казна на Груевски за „Тенк“

Апелацискиот суд во Скопје како неоснована ја одби жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за предметот „Тенк“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за затворска казна од две години.

Судот делумно ја прифати жалбата на обвинетиот поранешен помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски и го преиначи делот на одлуката за казната и го осуди на казна затвор во траење од четири години и шест месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

реклама

Кривичниот суд Скопје на 23 мај година за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра го осуди првообвинетиот Ѓоко Поповски на шест години и шест месеци затвор, а второобвинетиот Никола Груевски како поттикнувач за извршување на делото на две години затвор.

Двајцата потоа поднесоа жалби на првостепената пресуда до Апелацискиот суд Скопје.

Основен суд Скопје 1: Груевски е должен доброволно да се јави на издржување на казната затвор

По денешната информација дека Апелацискиот суд во Скопје делумно ја уважил жалбата на првообвинетиот Ѓоко Поповски во случајот „Тенк“ на СЈО, а во целост ја потврдил казната на второбвинетиот Никола Груевски,  Основниот суд Скопје 1 ги објасни следните чекори на судскиот систем.

„Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со одлуката на Апелациониот суд – Скопје КОКЖ – 23/18 со која делумно се уважува жалбата на првообвинетиот и во целост се одбива жалбата на второобвинетиот  во предметот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје со КОК 59/17, во јавноста познат како „Тенк“, ја информираме јавноста дека по приемот на предметот од Апелациониот суд во согласност со АКМИС – електронскиот систем за процесирање предмети ќе биде распределен на судија за извршување санкции за натамошно постапување“, наведува судот.

Ѓоко Поповски во првична постапка беше осуден на 6,5 години затвор, а со одлуката на Апелацискиот суд неговата казна е намалена на 4,5 години затвор. На второбвинетиот Никола Груевски, пак, потврдена му е казната од две години затвор.

Според Основен суд Скопје 1, судијата за извршување санкции, во согласност со законските одредби, изготвува упатен акт, што го доставува до осудените лица во предметот и тие, по приемот, се должни доброволно да се јават на извршување на определната санкција.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: