//
Следи нѐ
To Top

Речиси 260 луѓе загинале правејќи самослик

Со појавата на „паметните телефони“, самосликовите станаа прилично популарни. Но, едно ново индиско истражување покажува дека тие можат да бидат и кобни.

Според податоците, најмалку 259 лица загинале обидувајќи се да направат оригинален самослик. Ова е за периодот од 2011 до 2017 година, пренесува Си-Ен-Ен. Најмногу од нив се Индијци (159), по што следат Русија и Пакистан. Мажите во оваа мрачна статистика заземаат 72 отсто, и се помлади од 30 години.

реклама

Најмногу од настраданите починале од давење, сакајќи да се сликаат крај голем бран или на раб од брод. Осум лица настрадале фотографирајќи се со диви животни, а луѓе гинеле и застанувајќи пред воз, или пак пред огнено оружје (тука предничи САД).

Најчесто, жртвите на самосликот се младите и туристите кои сакаат да бидат што попопуларни на друштвените мрежи.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Мобилни

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: