//
Следи нѐ
To Top

Борка и Авон испратија порака : Ракот на дојка не е розов, но овој ден ние го боиме во розово за да покажеме дека нема да му се предадеме

Борбата против ракот на дојка значи да не се предаваш, да не се откажуваш, и да не заборавиш дека постои живот и после болеста.

Во неделата на 7 октомври во Градскиот парк, традиционалниот марш за борба против ракот на дојка во организација на козметичката куќа Авон , здружението Борка, и американската амбасада во Македoнија уште еднаш не’ потсети дека само заедно можеме да се избориме со ракот, а меѓусебната поддршка, помош и едукација е најсилното оружје со кое ќе им покажеме на оние кои се борат дека не се сами.

реклама

Многу насмеани лица, борки, преживеани и победници се собраа на едно место да им дадат љубов и поддршка на сите оние кои директно и индиректно се соочуваат со ракот. Многу јавни личности, меѓу кои и пејачките Каролина Гочева, Елена Ристеска, Бени Шаќири, Маја Гроздановска-Панчева, американскиот амбасадор Џес Бејли и многу други го поддржаа настанот со своите говори и настапи, а присутните имаа можност директно да се едуцираат, но и да помогнат во борбата преку интересната програма која беше понудена.

Свој дел зема и познатиот академски сликар Тони Шулајковски кој ни покажа дека шминката и воопшто козметиката може да има своја поинаква употребна вредност. Па така со кармините, руменилата и лаковите на Авон создаде прекрасни уметнички дела кои ќе бидат донирани во Дневниот центар за поддршка и советување на пациентите заболени од рак на дојка.

“Ракот на дојка не е розов, но овој ден ние го боиме во розово за да покажеме дека нема да му се предадеме. Заедно ќе се бориме и ќе победиме, со едукација, волја и меѓусебна поддршка” , изјави Биба Додева, претседател на Борка.

Во кампањата “Допирај се розово” во чиј знак беше годинешниот марш, компанијата Авон лансираше видео-туторијал за самопреглед на дојки, кој е посебно важен за секоја жена. Истиот можете да го погледнете, но и да го споделите со вашите мајки, сестри и пријателки од тука. (https://www.youtube.com/watch?time_continue=5&v=yea291MqKOI )

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијаоктомври 9, 2018
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијаоктомври 9, 2018
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијаоктомври 9, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: