Следи нѐ
To Top

ПИН 2018 – меѓународна музичка конференција во Скопје

Во одбележувањето на големиот јубилеј на ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ кој годинава го прославува своето 20-то издание нѐ очекува и новото издание на ПИН музичката конференција!

Првата и единствена кај нас меѓународна музичка конференција и шоукејс фестивал годинава ќе се одржи по петти пат, од 29-ти ноември до 1-ви декември, а токму со овој настан во Младинскиот Културен Центар во Скопје официјално ќе биде отворена програмата за славеничките „Денови на Таксират #20“!

реклама

ПИН, како еден од најзначајните проекти во кој ТАКСИРАТ и Пасворд Продакшн го вложуваат сиот свој капацитет, меѓународните искуства и успеси, е настан кој во државава ги собира сите најрелевантни имиња од европската музичка индустрија во тридневна програма на која се презентираат и дискутираат актуелните теми од музичкиот бизнис, а која во концертната програма ги претставува новите таленти и најпотенцијални музички изведувачи од различни земји.

ПОВЕЌЕ ОД 100 ГОВОРНИЦИ И ДЕЛЕГАТИ ОД ЦЕЛА ЕВРОПА!

Конференцијата и годинава ќе пречека стотина значајни, актуелни гости и музички дејци од цела Европа, претставници на најголемите европски фестивали, музичари, промотори, музички агенти, менаџери, новинари и професионалци во областа на музичката и културната промоција. Со извонредно богата програма, ПИН конференцијата ги става во фокусот темите поврзани со македонската и европската музичка сцена, музичката продукција, алтернативната култура, поврзаноста на музиката и политиката, авторските права, „направи сам“ пристапот, фестивалите, медиумите, трендовите од областа. И сето тоа со цел, конечно да внесеме свежи идеи во македонската музичка и креативна индустрија, да ги здружиме сите засегнати страни, оние кои сакаат да бидат дел од неа и оние кои знаат како функционира оваа индустрија во меѓународни рамки, да помогнеме во размена на идеи и искуства, меѓусебно поврзување и соработка на луѓето кои својот животен повик го откриваат во музиката и уметноста.

И веројатно најважно за посетителите, целосната програма на ПИН музичката конференција и оваа година ќе се одржува со БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ, но поради ограничениот капацитет, со задолжителна претходна регистрација на овој линк: http://pinconference.mk/register/

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.