Следи нѐ
To Top

По Ким Кардашијан, и Кање Вест ќе биде гостин во Белата куќа

Раперот Кање Вест е поканет во Белата куќа, соопшти портпаролката на претседателската резиденција, Сара Хакаби Сандерс, додавајќи дека е предвидено музичарот да има средба со претседателот Доналд Трамп и со неговиот зет Џеред Кушнер.

Разговорите ќе се фокусираат на реформите во затворската политика, намалување на насилството и на криминалните банди, особено во Чикаго, каде што раперот и пораснал.

реклама

Неодамна Трамп го пофали Вест, кој во една ТВ емисија се појави со капче со натпис „Да ја направиме Америка повторно голема” – слоганот на Трамп во претседателската кампања.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.