//
Следи нѐ
To Top

Меѓународен ден за искоренување на сиромаштијата

Конференција за сиромашни и социјално исклучени лица ќе се одржи денеска во Скопје по повод Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата.

На конференцијата, што ќе се одржи во Клубот на пратениците, меѓу другите, ќе се обрати и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

реклама

Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата ќе биде одбележан и на Институтот за социјална работа и социјална политика при Филозофскиот факултет во Скопје.

На настанот на Институтот, меѓудругото, ќе се зборува за сиромаштија во исхраната и материјална депривација во Република Македонија, за квалитетот на исхраната кај ранливи домаќинства во Македонија: наоди од квалитативно истражување, за статусот и предизвиците во функционирањето на јавните кујни во Македонија, како и за алтернативите во справувањето со сиромаштијата со храна.

На 17 октомври е и интернационалниот ден за борба против сиромаштијата.

Здружението „Проект Среќа“, веќе трета година по ред го одбележува овој ден, но оваа година ја прави првата конференција за деца во социјелен ризик, каде децата ќе бидат главните гости и говорници.

На самиот настан ќе присуствува дел од државниот врв, како и многу други наши пријателски здруженија, и организации. Во склоп на овој настан, проектот на Фери- Шер а диш ( Fairy- Share a dish) кој компанијата Проктер и Гембл го организира низ многу земји, на секое присутно дете ќе му подари голем пакет со производи, храна и детски изненадувања!

Овој настан , заради тоа што се работи за деца, и затоа што сметаме дека експонирање од таков тип би им наштетило на децата и нивната ментална состојба, нема да биде отворен за медиумите и затоа ве молиме за разбирање. Проект Среќа изклучително внимава по прашањето ,,медиумско екпонирање и злоупотреба на деца во социјелн ризик,, и се труди да ги заштити децата кои се дел од ова здружение, на секаков начин. Фотографии и информации за настанот ќе ви пратиме веднаш по завршувањето на истиот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: