Следи нѐ
To Top

Хероите на #СекојКилометарЗначи го посетија СОС Детско село

На 7-ми октомври 2018 година заврши една уникатна приказна. Skopje Run 10K финишираше со рекорден број на учесници и кампања која поттикна зголемување на филантропијата во Македонија.

Тимот на Skopje Run 10K, Сојуз на спортови на Град Скопје, заедно со СОС Детско село ја отворија можноста за купување на хуманитарни километри онлајн неколку месеци пред самата трка.

реклама

Преку #СекојКилометарЗначи заинтересираните можеа да купат километри во име на некој од амбасадорите Марко Марк, Андреј Стојаноски, Евгениј Хоуп, Сашко Коцев, Бојан Трајковски, Едина Муса, Цеце Трајковска, Јана Стојановска, Тино Костадиновски, Влатко Грозданоски, Елена Митева, Марко Новески, Перо Георгиевски, Ирена Спировска, Катарина Ивановска, Јована Георгиева, Ивана Торес, Викторија Лоба, Димитар Атанасовски, Игор Стефановски – Иџе, Игор Ангелов, Гоце Андреевски, Гораст Цветковски и Столе Стоилов. Благодарение на нив, луѓето значително ги зголемија своите чекори за донација. Во нивно име беа купени 140 километри и средствата од акцијата ќе бидат искористени за реновирање на еден од семејните домови во СОС Детско село.

Хероите на #СекојКилометарЗначи го посетија СОС Детско село

Од големо значење беше и тркачката заедница која во свое име купуваше километри за себе или за некој од амбасадорите. Тие ја покажаа својата хуманост и за време на самото експо и трката.

#СекојКилометарЗначи се реализираше на неколку нивоа. Покрај километрите, се донираше и со купување на dry – fit маици и директно за време на трката и експото. Целата кампања успеа да обезбеди 60.314 денари. Ова е доказ дека со нови и свежи идеи може да се помести границата на конвенционалното и дека луѓето во Македонија имаат големо срце чие биење е резервирано за оние на кои им е потребна помош.

Успехот на #СекојКилометарЗначи се должи на одличната соработка помеѓу Сојуз на спортови на Град Скопје, СОС Детско село и поддршката од познатите личности. Затоа тимот на Skopje Run 10K, Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон и Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Град Скопје, заедно со Катарина Ивановска, Викторија Лоба, Игор Стефановски – Иџе, Димитар Атанасовски, Петар Георгиевски – Камиказа и Андреј Стојаноски го посетија СОС Детско село. Таму им беа доделени благодарници за нивниот ангажман од страна на Александра Спасевска, експерт за развој на фондови и комуникации во СОС Детско село.

Децата беа пресреќни што можеа да ги видат и поздрават луѓето кои им помагаат. Сојуз на спортови на Град Скопје и СОС Детско село се надеваат дека овој тип на соработка ќе продолжи и во иднина. Тие упатија благодарност до секој што донирал и што помогнал на СОС Детско село, потенцирајќи дека тие се клучниот фактор за зголемување на основната човекова доблест, хуманоста.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Останато

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.