Следи нѐ
To Top

ЕУ тестира детектор за лаги со вештачка интелигенција на граничните премини

Европска Комисија финансира голем број на технолошки проекти за олеснување на секојдневниот живот на граѓаните на земјите-членки на Европска Унија.

Од голем интерес се алгоритмите со вештачка интелигенција, откако само прашање на време е да најдат примена во голем број на административни и владини згради во следните неколку години. Оттаму веќе почна да работат на иновативна програма наречена „ајБордерЦтрл“ (iBorderCtrl), која е одобрена за јавно тестирање во рок од шест месеци.

реклама

Концептот е интересен и овозможува користење на софтвер за вештачка интелигенција за да се намали времето за контрола на пасоши на различни терминали. Системот ќе биде тестиран на четири гранични премини на Грција, на Унгарија и на Летонија, и ќе помогне во работата на локалните царински службеници. Идејата е во база на податоци да се закачуваат и зачувуваат фотографии од пасош, како и документи за престој во дадена земја и информации за приходите.

Тогаш програмата ќе поставува низа прашања и следејќи ја интонацијата на говорот, како и промените во изразите на лицето, ќе одредува дали содветниот човек лаже или ја кажува вистината. Работниците на граничните премини ќе бидат специјално обучени да ги користат овие податоци и да одлучат како да продолжат со нив. Почетните тестови покажуваат 75 отсто успех, но се очекува да се зголеми на 85 отсто наскоро. Ова е само една од можните примени на вештачката интелигенција.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.