Поврзи се со нас

Популарно.мк

КАЛИОПИ: „Понекогаш и тажните љубови можат да будат убави“

Музика

КАЛИОПИ: „Понекогаш и тажните љубови можат да будат убави“

Калиопи денес премиерно го прикажа новиот сингл „Пресуда“.

Песната пресуда е комплетно авторско дело на нејзиниот композитор, текстописец и продуцент Ромео Грил.

– „Во оваа песна уживав во секој тон, во секоја буква и збор. “Пресуда” е тажна љубовна песна…А јас открив дека понекогаш и тажните љубови можат да бидат убави. Длабоко верувам дека публиката ќе ја засака, а можеби понекој и ќе се пронајде во неа. Му благодарам на Ромео Грилл што и овој пат мајсторски и вешто ги допре моето срце и душа, и што ме чини бесмртна. Пресреќна сум што премиерно ќе можам да ја отпеам ПРЕСУДА во живо на мојот концерт на 23.11. во Сава Центар во Белград.” – вели Калиопи.

Песната е премиерно емитувана на официјалниот YouTube канал и нејзините друштвени мрежи а ја прати видео спот за чија реализација беше задолжена екипата на НН Медиа.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.