//
Следи нѐ
To Top

„Токсично“ – збор на годината според Оксфордскиот речник

Оксфордскиот речник го прогласи зборот „токсично“ (toxic) за збор на 2018 година.

Организацијата Оксфорд јуниверзити прес (Oxford University Press) ги следи промените во англискиот јазик и секоја година избира по еден збор, што најдобро го опишува расположението во текот на таа година.

реклама

Лексикографите на таа организација истакнуваат дека зборот „токсично“, покрај буквалното значење „отровно“, луѓето го користат да опишат врска, политика и навики.

Меѓу другите зборови кандидати за збор на годината биле „gas-lighting“ што би можело да се преведе како „правење некого луд“ и „орбитрирање“, односно повлекување од комуникација со некого, но со натамошно следење на неговите активности преку социјалните мрежи, со повремено коментирање.

Збор на годината за 2017 година беше „младотрес“ (youthquake), преку кој е призната моќта на генерациите родени во почетокот на 21 век.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: