//
Следи нѐ
To Top

„Различните чевли“ на Јункер главна тема на Твитер (ВИДЕО))

Напуштањето на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер на заедничката прес-конференција со шефот на јужноафриканската држава Сирил Рамафозо и првиот човек на Европскиот совет, Доналд Туск, е главна тема на Твитер.

Според твитерџиите, причина за ваквата постапка на Јункер било тоа што „носел чевли со различна боја“.

реклама

Британскиот таблоид „Сан“ наведува дека на снимка од прес-конференцијата се гледа дека Јункер носи „еден црн и еден кафен чевел“, додавајќи дека, сепак, најверојатно таквиот впечаток се добил поради светлината што паѓала врз нив, бидејќи кога излегол на споредбата врата од салата за прес-конференција било видливо дека неговите чевли се црни. Набрзо потоа, Јункер се врати на прес-конференцијата.

Тој подоцна изјави дека ја напуштил прес-конефренцијата поради „напад на кашлица“, со цел да не кашла во салата.

Сепак, овој „испад“ беше доволен за лавина коментари и објави на Твитер. Некои од твитерџиите оценија дека Јунекр е одраз на „страшната држава ЕУ“ и дека тоа се случува „кога некој премногу пие“, а некои сметаат дека „раличните чевли“ на првиот човек на Еврокомисијата претставуваат „политичка порака“.

„Различните чевли“ на Јункер главна тема на Твитер (ВИДЕО))

Јункер го привлече вниманите на медиумите и пред неколку месеци кога пред свечената вечера на Самитот на НАТО неколку пати загуби рамнотежа, се тетеравеше и одеше несигурно. По ова, се појавија фотографии на кои Јункер седи во инвалидска количка, на што портапаролите на Комисијата соопштија дека тој боледува од ишијас што му го отежнува одењето и му предизвикува болки во половината и нозете.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Видео

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: