//
Следи нѐ
To Top

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Студено и облачно – вечерва снег низ цела Македонија

Времето денеска ќе биде облачно и студено со повремени врнежи, кои во западните делови ќе бидат претежно од снег.

Во попладневните часови врнежите ќе преминуваат во снег на повеќето места низ земјава, освен на југоистокот каде ќе бидат претежно од дожд.

реклама

Врнежите ќе бидат пообилни во западните и југозападните делови од земјава, каде се очекува да наврнат и над 30 л/м2 воден талог и на повеќе места ќе се формира снежна покривка.

Кон крајот на денот и во Скопската Котлина врнежите ќе преминуваат во снег и ќе има услови да се формира мала снежна покривка.

Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд ќе има во вторник.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: