//
Следи нѐ
To Top

Black Friday „лудилото“ на Grouper започнува денес!

Утре е најголемиот шопинг празник на попустите Black Friday, а најголемиот сајт за попусти во земјава, Grouper.mk, најавува дека големите попусти до 95% кај нив стартуваат од денес на пладне!

Почнувајќи од денес попладне тие ќе почнат да ги активираат Black Friday зделките, а на секои 2 часа велат дека ќе објавуваат нови тури непобедливи зделки со попусти во соработка со над 300 компании. Ветуваат дека до полноќ ќе бидат објавени до 1000 зделки со ултра високи попусти (95%), по ултра ниски цени, и со ограничено времетраење и количини! Помеѓу промоциите може да се најдат патувања за домашни хотели, Банско, Боровец; најразлични производи за домот како кујнски додатоци, мали апарати, играчки за деца и услуги како масажи, третмани, едукативни курсеви, храна и многу повеќе.

реклама

“Ова е дефинитивно највозбудливиот ден во годината за нас, кој го сметаме за наш патронат под мотото „Непобеливи зделки. Ограничени количини. Кој купи-купи”. Веќе 5та година по ред ги подготвуваме најдобрите Black Friday промоции и драго ни е што нашиот труд и енергија се препознаени од страна на корисниците и нашите соработници и партнери кои секоја година се расположени да се вклучат со уште подобри зделки и заеднички да ги надминеме ланските продажби и секако да ги надминеме очекувањата на корисниците. Минатата година за само 24h беа продадени над 12.000 купони, а посетите достигнаа над 130.000, само во петокот. – велат од Grouper.

Оваа година Black Friday лудилото трае четири дена, заклучно со понеделник – Cyber Monday и во истиот тренд ќе има и нови зделки со луди цени со само 24 часа траење.

Од Grouper го најавиja најголемиот шопинг празник уште минатата недела објавувајќи ги Black Friday WARM UP зделките како загревање за она што следи. Овие зделки нудат неодоливи попусти до 60% од неколку познати брендови меѓу кои Спорт М, Adam’s Shoes, Божиновски часовници и накит, Dioptra и многу други.

Кога имате одличен тим кој работи со пасија и напорната работа може да е “песна”. Така тие со песна насловена “На Black Friday сум се заљубил” во нивен стил ја најавија кампањата со која велат дека сакаат да пренесат дел од нивната позитивна енергија и да не поттикнат сите да бидеме дел од најголемата Black Friday акција.

За дополнителна забава и вредност на целата кампања, Grouper тимот креираше Black Friday машина за подароци, каде секој може да врти и да добие некој од 500те подароци, меѓу кои: 100 искуства и производи, 390 кобрендирани подароци и 10 патувања. Кампањата е поддржана од Mastercard па со секое купување на Grouper зделка ви доделуваат вртење за поголема шанса, а исто така и со поканување на пријателите може да добиете уште вртења.

Заземете си место на време за најголемиот шопинг настан за оваа година и уживајте во онлајн купувањето без турканици со Black Friday акцијата на Grouper!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: