Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Нокаут“ вечерва со славенечки јубилеен концерт во СРЦ „Кале“

МК Сцена

„Нокаут“ вечерва со славенечки јубилеен концерт во СРЦ „Кале“

Пред точно 20 години групата „Нокаут“ го одржа првиот голем концерт на „Нокаут“ во 1998 година во СРЦ Кале, тие повторно ќе ја потсетат публиката на убавите времиња со повратнички концерт на истото место, вечерва, во 21 часот, во организација на „Авалон продукција“.

„Нокаут“ го објави најновиот сингл насловен „Што бараш во моја песна“, кој е најава за новиот албум , четврти по ред.

Инаку, групата „Нокаут“ е формирана во 1997 година, а реоформена во 2006 година. Основач на бендот е Никола Перевски – Пере кој со поддршка на Дарко Димитров и покана на Кирил Колемишевски (втор вокал) и Ацо Богдановски (перкусии) и Владимир Крстевски – Франц го формираа првиот состав на „Нокаут“.

По неколку години пауза (2003-2006) Нокаут повторно се активирале во проширен и изменет состав. Покрај Франц и Пере влегуваат и членовите Благоја Антовски (тапани), Горјан Петровски (гитара), Бојан Перевски (перкусии), Борче Кузмановски (клавијатура), Виктор Николовски (бас гитара) и Луај Реџепов (гитара). Од првата постава во групата сега остана само Пере.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.