//
Следи нѐ
To Top

„Оди си“ – прва песна со видеоспот на Мите Стоилков

Победникот од пред две години на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Пинк“, Мите Стоилков пред еден ден ја објави неговата прва песна со наслов „Оди си“.

Станува збор за прекрасна балада, за која Стоилков сними и видеоспот и тоа под режисерската палка на Даниел Јовески.

реклама

За музиката и аранжманот на песната се погрижи токму Мите, додека текстот е дело на почитуваниот хит-мејкер, Огнен Неделковски.

По повод ова првенче, Мите исто така пред неколку дена организираше и промоција на која присуствуваа многу негови пријатели, колеги од естрадата, претставници на седмата сила и многу други.

Спотот како што погоре пишува е дело на Јовески, а во него покрај Мите се појавуваат и статисти кои само дополнително придонесоа ова видео да изгледа прекрасно.

– Задоволен сум од целиот прозивод. Долго работев на него, работев со внимание, љубов и го добив резултатот кој што го посакував. Се надевам дека во оваа песна ќе се пронајдат многумина, бидејќи е автобиографска и опиша еден дел од мојот живот кој сакам побрзо да го заборавам – изјави Стоилков.

Инаку младиот пејач веќе размислува и на следната песна и спот. Тој вели дека тука не застанува, дека допрва публиката ќе има прилика да слушне и да види од него музички новитети.

Погледнете го спотот:

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: