//
Следи нѐ
To Top

20. „Таксират“ запиша нов рекорд во своето постоење!

Денеска во раните утрински часови, заврши 20-тиот по ред ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ со рекордна посетеност од повеќе од 20.000 посетители во официјалната и најсилна програма досега на Фестивалот, која се одржуваше изминатава недела во Скопје!

Заврши јубилејниот 20-ти ТАКСИРАТ и запиша нов рекорд во своето постоење!

Денеска во раните утрински часови, заврши 20-тиот по ред ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ со рекордна посетеност од повеќе од 20.000 посетители во официјалната и најсилна програма досега на Фестивалот, која се одржуваше изминатава недела во Скопје!

реклама

Македонскиот, најголем урбан зимски фестивал во југоисточна Европа синоќа ја имаше и финалната прослава достојна за 20 годишниот јубилеј која се одржа на нова локација за овој Фестивал, во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, претставена и прилагодена во сосема поинакво издание од досега, со повеќе сцени и настапи, кои и овој пат во единствениот фестивалски дух на Таксират ја споија публиката од различни возрасти, земји и музички вкусови. За повеќе од 8-часовното еуфорично славење на трите бини на Таксират, се погрижија 13 врвни музички изведувачи и докажани ѕвезди на светската, регионалната и македонската сцена.

Чест да ја отвори вечерта со одличен настап на главната бина имаше македонскиот бенд Културно Уметнички Работници и тоа не случајно, бидејќи токму овој бенд пред 19 години го отвори и првиот ТАКСИРАТ! А веднаш по нив имавме прилика да го погледнеме убедливо најсилниот настап досега на македонските металкор легенди SMUT кои уште на самиот старт на вечерта ја затресоа главната бина со експлозивен концерт сработен по светски стандарди во секој поглед. Од оваа вечер на Таксират, во музичката историја на Македонија ќе се запишат и премиерните гостувања кај нас, и тоа со фантастични настапи, на eден од најпосакуваните бендови на современата инди-рок сцена MANDO DIAO од Шведска, фуриозниот и легендарен австралиски drum’n’bass феномен PENDULUM и апсолутниот светски битбокс шампион, поранешен член на славните The Roots, RAHZEL кој настапи со The X-Ecutioners на втората Фестивалска бина. Врежани во сеќавањето ќе ни останат незаборавните настапи на докажаниот алт-метал бенд од Северна Ирска THERAPY? и NOUVELLE VAGUE, славната и беспрекорно шармантна боса-нова атракција од Франција. И тука секако ДУБИОЗА КОЛЕКТИВ за кулминацијата на еуфоричната прослава и со настапот кој беше проследен со најгласните овации и најборјната пубилката која со восхитување синоќа го пречека во моментов светски најуспешниот музички колектив од Балкан. Втората фестивалска бина пак, уште од самиот старт беше целосно исполнета и се чинеше претесна да ги собере сите фанови на двете легендарни имиња од македонската хип-хоп сцена Диџеј Гоце и Пикисипи, кои овој пат настапија со проектот SAF Sound System, а импресивно позитивната атмосфера на подиумот продолжи во теко на целата вечер со Rahzel но и до самото затворање за кое, со 4-часовен настап и трап музиката презентирана на врвен начин, беше задолжена екипата на TRAP DA FUCK UP. Последна, но не помалку важна од бините, со најтивката но најразиграна атмосфера на подиумот беше SILENT DISCO каде што во исто време настапуваа докажаните диџеи и екипи чие реноме е најактуелно во скопските клупски кулоари: СКОПСКИ ГРУВ, OUBLI и Диџеј ШУРБЕ!

Со оваа извонредно позитивна фестивалска вечер, заврши јубилејното издание во чии рамки пак, годинава за 20 години ТАКСИРАТ во Македонија, се одржаа вкупно 20 различни настани, на кои настапија 70 изведувачи, од над 20 земји во светот, во Скопје гостуваа повеќе од 100 странски делегати од светската музичка индустрија и најважно од сѐ, ТАКСИРАТ беше домаќин на повеќе од 45.000 посетители од кои над 20.000 само во финалната, официјална програма на 20-тиот ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ! И сето тоа во име на музиката, вредна за почит!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: