Поврзи се со нас

Популарно.мк

Кендрик Ламар со осум номинации за претстојните Греми награди

Музика

Кендрик Ламар со осум номинации за претстојните Греми награди

Ламар е очекувано номиниран зашто беше активен на неколку полиња, соработуваше со артисти од неколку жанрови и беше задолжен за музиката на филмот „Black Panther“.

Познатиот американски рапер Кедрик Ламар има најмногу, односно осум номинации за претстојните Греми награди кои ќе се одржат во Лос Анџелес на 10 февруари идната година. Најмногу номинации добија претставниците на хип-хоп музиката, од каде доаѓаат пет од шесте најмногу номинирани артисти.

Ламар е очекувано номиниран зашто беше активен на неколку полиња, соработуваше со артисти од неколку жанрови и беше задолжен за музиката на филмот „Black Panther“.

Песната „All of the Stars“ е номинирана за Песна на годината и Снимка на годината. Разликата помеѓу двете категории е во тоа што во првата категорија се наградува авторот на песната, додека во втората се наградува изведувачот. Во конкуренција за двете награди се уште и „The Middle“ на Зед и Марен Морис, „Shallow“ на Лејди Гага и Бредли Купер, „God’s Plan“ на Дрејк и „The Joke“ на Карлајл.

Дрејк е номиниран и за Албум на годината за неговиот „Scorpion“, а помеѓу номинираните се и „H.E.R“ на Х.Е.Р., „Beerbongs and Bentley“ на Пост Малоун, „Dirty Computer“ на Жанел Моне, „Golden Hour“ на Кејси Масгрејвс, како и саундтракот на „Black Panther“.

Неколку нови лица се појавија на музичката сцена годинава, а жирито на Греми наградите не заборави на нив. Помеѓу номинираните за Најдобар нов изведувач се најдоа Дуа Липа, Џорџа Смит, Грета Ван Флит, Бебе Реџа, Марго Прајс, Х.Е.Р., Лук Комбс и сестрите Клои и Хејл.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.