//
Следи нѐ
To Top

Тројца загинати во нападот во Стразбур, напаѓачот се уште во бегство

Се зголеми бројот на загинати во синоќешниот терористички напад во срцето на Стразбур.

Се зголеми бројот на загинати во синоќешниот терористички напад во срцето на Стразбур.

Францускиот министер за внатрешни информираше дека тројца загинаа, а најмалку 13 се ранети, од кои осум се во критична состојба. Меѓу настраданите се двајца полицајци, и еден турист од Тајланд, додека неговата сопруга е тешко повредена.

реклама

Нападот се случи синоќа на божикниот пазар на еден од главните плоштади во Стразбур, Клебер. Според сведоците, човекот влегол меѓу метежот и почнал да пука, по што сите во паника почнале да бегаат. Напаѓачот и е познат на полицијата. Се работи за 29-годишник, кој се наоѓа на пописот на луѓе кои претставуваат ризик за безбедноста. Бил апсен во и од германските власти. Полицијата го лоцираше во својата акција и го опколи, но тој успеал да им избега. Потрагата по него трае од синоќа.

Иако, напаѓачот и е познат на полицијата, сепак не е поврзан со терористички акции. Но, медиумите пишуваат дека бил радикализиран во затвор, па поради тоа активирана е и единицата за терористички напади. Франција се уште е под висок степен на готовност по нападите во 2015 и 2016-та која ги изведе исламска држава а во кои беа убиени повеќе од 200 луѓе.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: