Поврзи се со нас

Популарно.мк

Забава за целото семејство за роденденскиот викенд во Капитол мол

МК Сцена

Забава за целото семејство за роденденскиот викенд во Капитол мол

5-от роденден на Капитол мол веќе го исполни центарот и срцето на Аеродром со безброј насмевки и моменти. Деца, млади и возрасни се забавуваат во Капитол Мол со богата роденденска програма која започна на 12ти декември, денот кога Капитол мол ги отвори своите врати за јавноста пред точно 5 години.

Роденденската прослава ќе трае 5 дена сè до недела, 16ти декември 2018 и истата нуди безброј изненадувања.

Секој посетител за 5от роденден на Капитол Мол ќе може да ужива во следните активности:

САБОТА
11 – 12 ч. – Балетски настап со Балетско Студио ДИАДЕМА!
12 – 12:15 ч. – ORANGE KIDS CLUB: Fashion & Dance Show!
12:15 – 13 ч. – Балетски настап, хип-хоп перформанс и настап на деца од ран детски развој со Едукативен Центар СОНЦЕ!
13 – 14 ч. – Роденденски FACE PAINTING!
14 – 16 ч. – ДЕТСКА РАБОТИЛНИЦА Powered by ПРОСВЕТНО ДЕЛО! Правиме роденденски честитки и боиме мандала боенки!
18 ч. – „СВЕТОТ НА БИБИ“ во Capitol Mall!

НЕДЕЛА
12:00 – 12:30 ч. – Жонглирање и перформанс со моницикл, со жонглерот SPINUS!
12:30 – 15:00 ч. – ДЕТСКА РАБОТИЛНИЦА Powered by ПРОСВЕТНО ДЕЛО! Правиме роденденски честитки и боиме мандала боенки!

Капитол мол во време на прослава на својот роденден и за време на новогодишните празници е полн со активности специјални продажни акцииза да можат сите да се пронајдат себеси и да ги исполнат своите желби. Секој, дури и најприбирливите имаат свое најомилено катче во молот. Тоа се должи на фактот дека Капитол мол ги слуша желбите на посетителите и секојдневно се труди да ги исполни нивните очекувања. До недела, од 12 до 18 ч. на 1 кат, секој кој има направено сметка над 500 денари може да учествува во Роденденското тркало на среќата каде ќе стане добитник на еден од многуте роденденски подароци!

Покрај сите активности малите посетители во сабота (15.12.) во 18 часот ќе имаат можност да бидат дел од Светот на Биби во Капитол мол каде за прв пат ќе може да погледнат делови од новогодишната сказна на Биби, да ја чујат премиерно новогодишната песна на Биби, да бојат во специјалните боенки, како и да се фотографираат со својот омилен лик токму во Капитол Мол.

Прочитај повеќе
Маркетинг
Можеби ќе ти се допадне...
Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.