Поврзи се со нас

Популарно.мк

Идентификувани жртвите од превртениот автобус, 4 се борат за живот

Вести

Идентификувани жртвите од превртениот автобус, 4 се борат за живот

Три жртви и десетици повредени, од кои 4 се борат за живот. Ова е црниот биланс од сообраќајната несреќа во која се преврте македонски автобус рано утрово на автопатот Лесковац- Ниш.

Српските медиуми пишуваат дека временските услови, лизгавиот пат, снегот и мразот се причини за несреќата. Од МНР информираат дека е познат идентитетот на две од жртвите.

„Станува збор за 68-годишен маж од Бучин, крушевско и 68 годишна жена од Кочани. 32 се повредени. Станува збор за струшки автобус на „Еуротурс“, информираат од македонското МНР.

Министерот за здравство, Венко Филипче, генералниот секретар на владата, Драги Рашковски и претставникот на Македонија во Белград, се на местото на настанот“.

Четворица од повередените се во животна опасност и се префлрени во клиничкиот центар во Ниш.

„Тука имаме 28 пациенти, од нив четири се на хирургија и еден на ортопедија. Сакам да кажам дека четири пациенти се испратени во Ниш. Според последните информации, тие е со сериозни повреди и се во критична состојба”, рече Небојша Димитриевиќ – Директор на болницата Лесковац.

Патниците, велат дека во моментот на несреќата спиеле и не знаат како автобусот се превртел.

„Спиев, не знам како се случило. Слушнав дека луѓето викаа, кога се разбудив автобусот беше превртен”, вели еден патник.

На сите повредени кои ќе бидат пуштени од болница српските власти им организираа преноќување.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.