Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Завршена обдукцијата на загинатите Македонци кај Лесковац

Вести

Завршена обдукцијата на загинатите Македонци кај Лесковац

Во капелата на Општата болница во Лесковац се телата на трите загинати лица во несреќата кај Лесковац, откако автобус со македонски ознаки излетал од патот. Српските медиуми јавуваат дека обдукцијата завршила во текот на вчерашниот ден.

Како што веќе е познато во страшната несреќа животот го загубија две жени и еден маж, додека 32 лица се повредени.

Во болницата во Лесковац е хоспитализиран и возачот на автобусот. Тој и натаму е на одделението за интензивна нега со повреди на потколеницата и левото рамо.

Во меѓувреме, како што пишуваат српските медиуми, 14 повредени лица вчера биле пуштени од болница. Десет од нив биле преземени од тим лекари со возила на Итна медицинска помош од Македонија, испратени од Министерството за здравство, додека по четири лица дошле нивните семејства. Се очекува во следните седум дена и останатите повредени да бидат пуштени на домашно лекување.

И натаму не е позната причината за несреќата

Локалните медиуми наведуваат дека за причините за несреќата засега може да се погодува. Додека едни патници од автобусот тврдат дека возачот возел брзо, други велеле дека тој нагло закочил за да не удри друго возило кое било пред него.

Во дел од медиумите се појавија наводи дека возачот заспал, како и дека во моментот на несреќата разговарал на телефон, но официјално до сега причината за несреќата не е соопштена.

За потсетување, до трагедијата дошло кога македонскиот автобус се превртел околу 1:40 часот на влезот во Лесковац во момент кога низ цела Србија врнел силен снег, а состојбата на патиштата на земјата била лоша.

Поради големиот број повредени лица на терен излегле голем број возила на Итна медицинска помош од Ниш и Лесковац. Меѓу патниците имало и две деца на возраст од една и девет години, но за среќа тие не се повредени во несреќата.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.