Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Предновогодишно „лудило“ со Аца Лукас, Пеџа Меденица и Милица Павловиќ

Музика

Предновогодишно „лудило“ со Аца Лукас, Пеџа Меденица и Милица Павловиќ

По распродадените концерти во соседна Србија, триото Аца Лукас, Милица Павловиќ и Пеџа Меденица се подготвуваат во Скопје, во ВИП Арена Борис Трајковски да ја направат најголемата предновогодишна балканска журка. По цена од 400 денари, овие музички имиња, подготвуваат три часовно шоу на сцената во Борис Трајковски.

Оваа голема балканска журка ќе биде место каде што Милица Павловиќ и Аца Лукас, првпат во живо, заедно на една сцена ќе го испејат својот голем хит со милиони прегледи на ЈуТјуб, „Кидаш ме“.

Во овој предпразничен период, сите тројца во матичната земја работат на својот нов материјал. Деновиве се очекува промоцијата на новиот албум на Милица Павловиќ, „Заувек“, Аца Лукас работи на својот нов сингл кој што несомнено ќе биде огромен хит, како и сите негови песни досега, а Пеџа Меденица ја подготвува дуетската песна со Џенан Лончаревиќ.

„Ова е период на распродадени концерти и нови песни за овие изведувачи. Настапите на најлудата новогодишна ноќ за сите тројца се веќе со денови распродадени. Концертот во Скопје ќе биде вистинско загревање за Нова Година. По цена од 400 денари, ќе се обидеме во Борис Трајковски навистина да ја направиме најголемата предновогодишна балканска журка“ – велат организаторите Балканска Продукција.

„Лична карта“, „Волиш ли ме“, „Сењорита“, „И тако доџеш ми у сан“, „Требало је“, „Кафана на балкану“…и многу други, ќе бидат дел од овој празничен репертоар во Скопје.

Влезници за оваа голема предновогодишна балканска журка, можете да најдете во продажната мрежа на мктикетс по цена од 400, 500, 600 и 900 денари. Стартот на журката е закажан за 20.00 часот.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.