//
Следи нѐ
To Top

Жељко Јоксимовиќ, Ван Гог и Каролина го потврдија настапот на MAC

После Бајага, Петар Грашо и Сергеј Ќетковиќ настапите на првата регионална церемонија на доделувањето на музичките признанија MAC (Music Awards Ceremony) на 29 јануари во Штарк Арената ги потврдија уште три големи ѕвезди од регионот: Жељко Јоксимовиќ, Ван Гог и Каролина Гочева.

Една од несомнено најголемите ѕвезди во регионот, музичарот Жељко Јоксимовиќ, кој веќе има успех на најголемите европски музички настани, за своето доаѓање на MAC вели:

реклама

„Драго ми е што ќе настапам на Music Awards Ceremony, затоа што верувам дека ваква манифестација е неопходна и значајна за регионот, како и за поврзување на регионалната музичка сцена. Сигурен сум дека атмосферата и енергијата ќе бидат одлични, ќе има многу добра музика, продукција и придружните елементи ќе бидат на врвно ниво, и затоа ги поканувам сите да ни се придружат во Арена на 29 јануари. Се гледаме!“

Освен поп нумери публиката на MAC ќе има можност да слушне и други жанрови, па и малку потврд звук, а за тоа сигурно ќе се погрижи групата Ванг Гог, чиј фронтмен Ѓуле во свој стил го најави доаѓањето на манифестацијата.

Поддршката за MAC од Македонија досега стигна од раперите Панчо ДНК и поп музичарите Влатко Лозаноски Лозано и Димитар Андоновски, а првата потврдена учесничка од Македонија, која дефинитивно ќе настапи на бината на Штарк Арена на 29 јануари е Каролина Гочева.

Организацијата и продукцијата на MAC ја потпишува Skymusic од каде најавуваат дека во наредните денови ќе бидат објавени и имињата на останатите изведувачи од Србија, Црна Гора, Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина, кои ќе настапат на свеченото доделување на музичките признанија.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: