//
Следи нѐ
To Top

Корчагинци колоритно и поетски го одбележија раѓањето на Блаже Конески

По повод раѓањето на книжевниот гениј Блаже Конески , чиј дух живее со нас веќе 97 години, на 19 декември во библиотеката на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“ и на книгите од полиците им беше вдахновен живот од аурата преполна со љубов кон поезијата и сликањето на најхуманите цвеќиња на светот.

Магични вибрации од човечка рака, која исцртала и подарила повеќе од 50000 цветни мироносници, сплотени со поетски таленти во зародиш кои ветуваат пат кон sвезденото поетско небо , беа креативна сеопфатност во просториите на библиотеката, каде Корчагинци го чествуваа и чувствуваа раѓањето на Блаже Конески.

реклама

Синестезија од сите можни сетила, благодарение на миротворецот Живко Поповски – Цветин кој одржа емотивен говор пред учениците рецитирајќи им ја наизуст песната „Ружа“ на Б. Конески , која македонскиот лингвист му ја посветил далечните осумдесети години, кога Цветин ја започнал својата цветна мисија.

ФОТО: Данаил Петровиќ

Учениците возвратија со внимателно одбрани стихови од богатиот поетски опус на Блаже Конески, облагородени со оригиналната композиција на проф. по музичко Сашо Ливрински, инспириран од песната Т,га за југ. Се рецитираа со восхит и почит песните на Конески, а исклучително талентираната ученичка од прва година, Георгина Петреска, во еден здив го прочита својот креативен текст „Здив“ , оставајќи не сите без здив.

ФОТО: Данаил Петровиќ

Покрај освоените меѓународни награди :

– Втора награда за поезија во Нови Сад од невладино друштво Scena Svih Kreativnih (категорија средношколски)
-Прва меѓународна награда за поезија на конкурсот од хуманитарен карактер ,,Босоногата по патот на светлината” во категорија до 30 години и признание за ,,Песна над песните”, ја освои, и не освои сите со Втора државна награда на конкурсот од СДМЈЛ на тема од литературата: ,,Земјата и љубовта во поезијата на Блаже Конески” за најдобар есеј за 2018 во категорија средношколци.

Додека Цветин црташе и подаруваше цветни миротворни пораки, учениците од трета година : Марко Захариев, Гала Атанасова, Тамара Митевска, Ева Стојановска и Никица Манџуковски рецитираа под менторство на професорката по македонски јазик , Мими Блажевска, која неуморно ги подготвува членовите на драмската секција и литературни клубови за патронатот на гимназијата, а цветната работилница ја продухови со поетскиот перформанс од богатиот избор на поетот и култната песна ,,Црква”.

Професорката Роза Никодиновска Мајсторовиќ, како предметен професор по македонски јазик , но и морална поддршка , беше исклучително горда на ученичката Георгина Петреска која твори од второ одделение и освојува награди, како и на ученикот Благој Данилов кој ги интерпретираше стиховите од антологиската песна на Конески ,,Болен Дојчин”.

ФОТО: Данаил Петровиќ

Денот беше одбележан во еден спонтан амбиент каде се слушаше, гледаше и твореше со длабоки пориви оставајќи моќна порака низ просторот за парадигмата на животот преку уметничкото творење, впрочем како и делото на Конески, секако, со поддршка на директорот на гимназијата Драган Арсовски.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: