//
Следи нѐ
To Top

Почнува гласањето за MAC – повеќе од 250 номинации во 13 категории!

Повеќе од 200 радиостаници од Србија, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора учествуваа во номинирањето на нумерите за MAC признанијата.

Раководејќи се според свои параметри на слушаност и популарност на нумерите и изведувачите, радиостаниците ги номинираа песните и авторите чии дела се најомилени и најпопуларни меѓу слушателите.

реклама

Листата од преку 250 номинации распоредени во 13 категории почнувајќи од утревечер (29 декември) ќе се најде на страницата www.musicawardsceremony.com.

Публиката од целиот регион ќе има можност онлајн да гласа за своите фаворити, и така на своите омилени изведувачи да им ги зголеми шансите да победат и да влезат во историјата како први добитници на MAC признанијата.

„Многу размислувавме што се однесува до самото гласање. Приоритетна цел ни е оваа манифестација да поседува највисок степен на кредибилитет, што кога е во прашање музиката претставува не само коректност, туку и професионална објективност. Колку за пример, се смета дека СМС или онлајн гласањето е објективно, а од друга страна, сите истражувања покажале дека помладите генерации забележително попрво се одлучуваат да го дадат својот глас за омилениот изведувач отколку средната и постарата генерација, иако сите подеднакво имаат свои фаворити“, вели Миленко Шкариќ, сопственик на Скајмјузик, компанија која го организира и продуцира MAC.

„Се потрудивме да ги земеме предвид сите релевантни параметри: радиостаниците како најобјективни параметри на слушаност на песните, онлајн бесплатното гласање и стручното жири. Не само дека сите тие ќе влијаат на крајниот исход на доделувањето на признанијата, туку ќе постојат и посебни категории на признанија во склад со гласовите на публиката и слушателите на радиостаниците“, додава Шкариќ.

Music Awards Ceremony е спектакл кој на 29 јануари ќе се случи во Штарк арената и ќе биде најголемиот и најгламурозниот кој регионот кога и да било имал можност да го види. Ќе бидат доделени преку 30 музички признанија, а повеќе од 200 ВИП гости ќе прошетаат по црвениот килим

Свеченото доделување ќе трае околу 4 часа, а церемонијата во живо ќе ја пренесуваат најгледаните телевизии со национални фреквенции од регионот.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: