Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„DoubleTree by Hilton Skopje” од денес ги пречекува првите гости

Занимливости

„DoubleTree by Hilton Skopje” од денес ги пречекува првите гости

Хотелот “DoubleTree by Hilton Skopje”, најновиот во синџирот луксузни хотели на реномираниот бренд, од утре 1 јануари, официјално почнува со работа и ќе ги пречека првите гости.

Лоциран покрај кејот на реката Вардар близу мостот „Близнак“ во општина Аеродром, објектот се простира на пет ката со едно подниво и зафаќа површина од 25.000 метри квадратни.

За врвна услуга и топло гостопримство „Хилтон“ става на располагање 170 соби, 15 апартмани од кои еден претседателски од 260 метри квадратни, Euphoria Welness & SPA модернен спа и фитнес центар од 1400 м2, традиционална турска бања, сауна, џакузи и затворен базен, како и најмодерната Life Fitness опрема за вежбање, 6 конференциски сали, и една сала за свечености Diamond Ballroom, три ресторани.

Хотелот располага со сопствен затворен паркинг простор за 150 возила, како и отворен паркинг за 200 возила.

Хотелот нуди исклучителен панорамски поглед на градот, а за беспрекорен престој на гостите, ќе се грижат близу 200 вработени.

На објектот интензивно се работеше две години и освен што е импонзантен однадвор, енергетски и еколошки е ефикасен и има врвно хортикултурно уредување. Целосната инвестицијата е вредна 50 милиони евра.

Еден од лидерите во хотелиерската индустрија, „Хилтон“ досега беше присутен во 109 држави со вкупно 5.500 хотели, и во својата сто годишна историја има пречекано повеќе од 3 милијарди гости. Новата 2019 ја почнува додавајќи ја и Македонија на својата мапа, со најубавиот DoubleTree by Hilton хотел во светот.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Занимливости

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.