Поврзи се со нас

Популарно.мк

Наташа Беквалац: Ќе се победам самата себе на MAC!

Музика

Наташа Беквалац: Ќе се победам самата себе на MAC!

Music Awards Ceremony (MAC) на 29 јануари во Штарк Арената ќе ги собере најголемите ѕвезди од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија на првото регионално доделување на музичките признанија.

Повеќе од 60 познати личности ќе учествуваат во програмата која ќе трае околу 4 часа, а освен доделувањето на повеќе од 30 признанија, во ревијалниот дел на свечената церемонија најголемите регионални музички ѕвезди ќе изведат специјално осмислени и режирани настапи само за оваа прилика.

Со оглед на тоа дека организацијата и продукцијата на MAC ја потпишува Скајмјузик, од каде најавуваат дека за прв пат за овој настан ќе ја употребат целокупната своја продукциска опрема на сцената на Штарк Арената ќе биде можно се!

„Не можам да опишам колку сум возбудена и колку сум почестена што сум дел од вака голем проект и што сум одбрана, на некој начин, така што мене единствено ми преостанува добро да се приготвам за моите пет минути, да се прикажам во најдобро можно светло и тоа да не биде не само мој мал триумф пред публиката, туку и пред самата себе“, вели Наташа Беквалац, која најавува дека на MAC ќе се победи самата себе затоа што освен авионите нејзиниот најголем страв е – сцената! „Секој мој настап е некоја мала победа, а ова ќе биде најголема.“

Наташа во интервјуто (во продолжение) открива и некои детали од настапот на MAC:

Дека ќе бидат дел од најголемиот регионален музички спектакл веќе потврдија и Бајага, Ван Гог, Петар Грашо, Жељко Јоксимовиќ, Сергеј Ќетковиќ, Каролина Гочева, а за време на новогодишните празници беше откриено дека дел од MAC ќе биде и Тони Цетински.

„Сигурен дум дека MAC ќе биде музички настан на годината во регионот. Настапуваат мои драги колеги од сите земји во регионот, тоа се најдобрите регионални изведувачи, а продукцијата е таква што се ќе биде возможно. На бината на MAC публиката од мене може да очекува мошне интересен и комплексен настап, чии детали ќе ги откријам наскоро. Засега можам да кажам дека во јануари многу време ќе поминам во Белград заради подготовките на специјалниот настап. Многу се радувам заради церемонијата и како што веќе реков, на регионот навистина му беше неопходен еден ваков настан“, вели Цетински.

Публиката од целиот регион има можност за своите омилени изведувачи да гласа на страницата на MAChttps://musicawardsceremony.com/page–kategorije-nominacija. Повеќе од 250 номинации се распоредени во 13 категории, а само во првиот ден стигнаа преку 300 000 гласа од речиси целиот свет.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Музика

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.