//
Следи нѐ
To Top

Со коледарски песни малите коледарчиња го најавија Христовото раѓање

Бадник или ден пред, Христовото раѓање, Божик. Бадник очекување на Христовото раѓање. Првите весници на празникот се децата коледари. Тие одејќи од врата до врата, пеејќи коледарски песни , не известуваат за Божик.

За добрата вест домаќините ги наградуваат, со тоа што имаат, овошје,костени, оревчиња, бомбони и по некоја паричка.

реклама

Вака е во раните утрински часови, а инаку денеска во Скопје и во уште неколку градови во Македонија денеска се организираат детски бадникови поворки како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божик.

Децата учесници во бадниковите поворки ќе ја пејат песната „Вечниот Бог“ и ќе носат пригодно изработени пештери на кои е претставено Рождеството Христово и ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус.
Идејата за овие бадникови поворки потекна од свештенството на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, со цел да се возобнови древната традиција на правилно празнување на Бадник.

Бадникови поворки на радоста иствремено, покрај во Скопје, ќе се одржуваат во 34 населени места низ земјата, и тоа во Битола, Охрид, Прилеп, Струга, Тетово, Крушево, Ресен, Кичево, Радовиш, Велес, Штип, Струмица, Гевгелија, Валандово, Кавадарци, Куманово, Гостивар, Пробиштип, Свети Николе, Кривогаштани, Демир Капија, Неготино, Богданци, Вратница, Виница, Кочани, Делчево, Дебар, Ростуше, Велгошти, Брвеница, Беловиште, Старо Село и Рогачево.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: