//
Следи нѐ
To Top

Традиција за Бадник: Ова треба да го имате на бадниковата вечера

Бадниковата вечер е еден од најрадосните празници во христијанството, кога се исчекува раѓањето на Исус Христос.

Традицијата вели дека ова треба да го има на бадниковата вечера.

реклама

1. На Бадник, појадокот, ручекот и вечерата се строго посни.

2. Се меси погача без квасец.

3. На масата задолжително има вино, мед и жито.

4. За вечера се подготвува посен грав, пржена риба, посни сарми, а од салатите, тука е киселата зелка и туршија.

5. Исто така, за десерт може да се послужи свежо или суво овошје: крушки, јаболка, портокали, суви сливи, урми, смокви, суво грозје, како и јаткасти плодови.

6. Според старите традиции, задолжително се вечера на под, на послана слама, а не на маса, како што сите практикуваме.

7. Домаќинот ја крши погачата, нудејќи им на сите по едно парче и наздравувајќи со црно вино.

8. На крајот, бадниковата вечера не се раскрева. Масата не се чисти, туку се остава наместена како што е до следниот ден, односно до Божиќ.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Занимливости

  • „DoubleTree by Hilton Skopje” од денес ги пречекува првите гости

    Хотелот “DoubleTree by Hilton Skopje”, најновиот во синџирот луксузни хотели на реномираниот бренд, од утре 1 јануари, официјално почнува со работа...

    Информативна Редакцијајануари 6, 2019
  • 2019 балони за старт на новата година! (ФОТО)

    На оваа #ФотографијаНаДенот е прикажан дел од 2.019 балони со кои Трговската комора во бразилската метропола традиционално го прославува крајот на...

    Информативна Редакцијајануари 6, 2019
  • Дедо Мраз тргна од Лапонија

    Дедо Мраз со своите ирваси и кочии појде од гратчето Рованиеми во најсеверната финска област Лапонија со цел неговите подароци да...

    Информативна Редакцијајануари 6, 2019
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: