//
Следи нѐ
To Top

Нова година – нова можност за поправен испит

Нова година е ново време за интимно преиспитување, за нови почетоци, за нов оптимизам ( дури и кога мириса на глупост) и нова шанса да ги подобриме нештата.

Секоја Нова година е можност за поправен испит, она на што сме ,,паднале” да го научиме и да не ги повторуваме истите грешки. Ако се преиспитаме кои зборови најчесто сме ги слушале, читале и изговарале во текот на изминатата година, ќе добиеме различни асоцијации колку и различни перцепции за себе и луѓето околу себе.

реклама

Интимно, кога ќе се соочиме сами со себе и најголемите оптимисти и чисти души, барем еднаш ги изговориле, слушнале или прочитале зборовите загаденост, загадување, опасно, отровно, токсичност, отров… Било во буквална смисла, било во преносна смисла, метафорично фразеолошки изрази како ,,токсични врски” , ,,опасно опкружување” или ,,отров човек” се изрази од секојдневието со кои се труеме.

Околу празниците честа дестинација на неумерените е Токсикологија. Кога се зборува, пишува или чита за загаденоста, добиваме впечаток дека е нешто катадневно, вообичаено, неизбежно и неминовно колку и смртта. Се прилагодуваме на токсичноста како бубашваби, дури и заличуваме на нив, колку и да не ништат пак преживуваме ( се извинувам за споредбата, подолична е споредбата на Македонецот со пиреј или троскот,отколку со огадни инсекти кои би преживеале и нуклеарна војна).

Затоа, време е за поправен испит, ако брзо и ефикасно не можеме да го решиме глобалниот проблем на загадувањето, тогаш да делуваме локално и интимно, да ја искористиме ,,празнотијата” на празниците, испразнети од работни ангажмани , но со полна трпеза и полна куќа драги гости. Време е за внесување на духовна храна ( од сарми и прасиња бргу се заситуваме) , неодложни количества на љубов, внесување позитивни емоции за да ни тргне годината со вера и надеж, без чија синергија нема љубов.

Време е за ослободување од токсини и нови почетоци, помудри сме за цела една година ❤

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Да водиме љубов 2019 пати!

    Без желби, посакувања, мечтаења и сништа , ни реалноста не би била реална, како што кажаа париските студенти во 1968 година...

    Татјана Алексиќјануари 7, 2019
  • Здодевност

    Чекаме , проклето здодевно чекаме некој да дојде, нешто да се случи, ветер да дувне, дожд да не плакне, снег да...

    Татјана Алексиќдекември 10, 2018
  • Интернетот загосподари…

    Господари со сето време на светов, влегува во сите слободни минути и како под хипноза минутите ги престорува во часови без...

    Татјана Алексиќјануари 7, 2019
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: